| четврток, 6 декември 2018 |

Глигоров за „Прототема“: Уставот мора да се ревидира

Професорот на Институтот за меѓународни економски студии во Виена, Владимир Глигоров, рече дека сега постои можност за заемно прифатливо решение за спорот меѓу Грција и Македонија во врска со името.

Во интервју за грчкиот „Прототема“ синот на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, го оцени како позитивен чекорот со кој Владата Зоран Заев „се откажа од античко-македонската идеологија“ на неговиот претходник, Никола Груевски.

„Кавгата за Александар Велики, е срам“, вели Владимир Глигоров кој укажа на посебниот идентитет и јазикот на Македонците.

Глигоров смета дека „прашањето за името може да се реши политички достоинствено“ и рече дека премиеритеа Алексис Ципрас и Заев се „модерни политичари нов вид на кои сакаат гладаат напред“.

Во октомнври лани, а во врска сио потпишувањњето на Договорот за добрососедство со Бугарија Глигоров рече деека „Бугарија треба да разбере дека Македонија е Македонија.

Запрашан во врска со Уставот на Република Македонија, Глигоров рече дека верува дека „треба да се ревидира поради внатрешни причини, но и за приближување кон Европската унија, со што би се решиле и прашањата покренати од страна на Грција“, вели Глигоров во интервју за „Прототема“.

Глигоров вели дека нема основа за загриженост на Грција во врска со наводното постоење иредентистички, експанзионистички намери на Македонија, шѓто е и главната причина поради која Атина бара од соседот да го смени името.

„Нема доказ ни за иредентизам, ниту за поддршка на македонските иредентистички идеи. Се разбира, не постојат ни индиции за терористички активности преку границите.

Се работи за историски референци (во Уставот, историјата на регионот и на народот на Македонија), но ако е потребно да се гарантира отсуството на иредентизам и територијални претензии, тогаш: „Да!”, оваа гаранција треба да има“, рече Глигоров.

Тој додава дека е „теоретски збунувачки да се зборува за сопственост врз минатото“ , но тој не верува дека постојат територијални претензии на Македонија кон соседите, или дека ќе ги има.

На прашањето дали Грција и Македонија некогаш биле близу до решение, Глигоров одговара позитивно и дека верува дека Костас Симитис – социјалистичкиот премиер на Грција од 1996 до 2004, и Јоргос Папандреу тогашен министер за надворешни работи ‎(1999-2004) „имаа многу добар пристап кон целиот проблем“ и дека атмосферата за договорот тогаш била „пообра од било кога“.

Владимир Глигоров во интервјуто уште додава дека „Папандреу за време на претседателството на Грција со ЕУ (2003) работел на реѓение (Атина – Скопје за спорот) во контекст на процесот на интеграција на Балканот во ЕУ.

После тоа, во двете земји контролата ја презедоа националисти”, заклучува Глигоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top