| четврток, 6 декември 2018 |

„Ќе стане Глоговац ако дојдете“ – Сергеј не дозволува политичари на погребот

„Ќе стане Глоговац и ќе ви ја ебе мајката. Го познавам“, гневно напиша на Твитер актерот Сергеј Трифуновиќ, добар пријател на Небојша Глогова, кој денеска ќе биде погребан во Алејата на великаните на гробиштата во Белград.

На погребот на Небојша се очекува да има многу личности од јавниот живот, но и од политичкиот, а токму тие се непожелни на испраќањето на актерот, како што биле непожелни ниту во неговиот живот.

-Изгледа 2016 година е година на умирање на актери. По неверојатен редослед на околности и настани умреа многу прекрасни актери и луѓе. Дел од тоа се и страшната економска ситуација во која се наоѓа нашата култура, па лушето се приморани да работат повеќе одошто можат. Во таа страшна борба страда здравјето, Тешко е да им се објасни на луѓето дека глумата бара ментален напор и копање по сопствената душа, но и сериозна физичка работа. Константниот вишок на напор им го загрозува здравјето на актерите, изјави во една пригода пред две години Небојша Глоговац за смртта на колегите, уметнички великани, на кои вчера рано утро им се приклучи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top