Без превод на грчки јазик, името Горна Македонија, како што се изговара на македонски, е прифатливо решение за Ставрос Теодоракис, лидерот на грчката партија Река.
Под слоганот „Времињата бараат храброст и одговорност“, Теодоракис, пред членовите на највисокиот орган на движењето, говореше за последните случувања во Грција, меѓу кои и прашањето за името и случајот со фармацевтската компанија Новартис.
– Ние се осмелуваме и ја преземаме одговорноста и велиме дека го прифаќаме терминот Горна Македонија, непреведено како што им беше предложено на нашите соседи. Бараме да ги променат нивните учебници, бараме да се ослободат од иредентизми, но им велиме, кога сето ова ќе се направи, ќе си подадеме раце и ќе се договориме, затоа што како што рече Ками, а тоа важи и за нив и за нас: „Премногу ја сакам мојата татковина за да бидам националист“, рече Теодоракис.
Во однос на протестите за „одбрана на Македонија“, лидерот на Река, истакна дека тие немаат никакви заеднички точки со говорниците и слоганите од собирите, со оние кои бранат „една исплашена Грција, Грција што секаде гледа заговори“.
– Грција нема да доминира на Балканот затоа што ќе става вето. Ќе доминира, ако доминира, како примарна сила во економијата и културата, рече Ставрос Теодоракис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст