| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец приведен, дома му нашле голема количина марихуана

Тетовец викендов е приведен откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла 500 грама марихуана.

Тетовската полиција во сабота утрото при претресот, на повеќе места во куќата пронашла наркотична дрога марихуана со вкупна маса од околу 500 грама, како и една вага со остатоци од марихуана.

Пронајдените предмети биле одземени со потврда за привремено одземени предмети, а А.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top