Додека траело апсењето, пред неговата канцеларија во Белград чекале 20 луѓе за магот да ги спаси од магии. 50- годишниот исцелител е уапсен под сомнение дека со 30 годишен Никола К. Сакале да изнудат половина милион евра од 57 годишен Белграќанец во манастир во Шид.
Тој и е познат на полицијата и бил осудуван за измами и изнуди.
Се почнало кога Никола отишол кај Драго за да му ја симне црната магија. Тој рекол дека ќе го излечи ако му помогне да земе половина милион евра од Белграѓанецот . Планот го извеле уочи Нова година во манастирот кај Шид. Богатиот Белграѓанец дошол во манастирот , кога Никола го онеспособил со електрошок и под закана со пиштол барал да му исплати 500 000 евра за да не му наштети нему и на неговото семејство.
Му кажале каде точно да ги остави парите и го пуштиле . Белграѓанецот ги пријавил во полиција по што двајцата изнудувачи се уапсени.
Инаку Белиот маг и претходно, пред 11 години , бил осуден за изнуда , бидејќи на роднините им се заканувал со црна магија ако не му дадат пари.
На тој начин ,,заработил “ 300 000 евра , но потоа одлежал 5 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


