| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски заминува на балканска турнеја

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски на мини турнеја во регионот, ќе се остварат средби со политичари од Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија, информираат од Центарот за комуникации на партијата.

„Предвидени се средби со Претседателот на партијата СДС и поранешен премиер на Република Словенија Јанез Јанша, Претседателот на ХДЗ и Премиер на Република Хрватска Андреј Пленковиќ и Претседателот на СНС и Претседател на Република Србија Александар Вучиќ. На средбите ќе се разговара за состојбите во регионот, билатералните односи, економската соработка и соработката меѓу партиите. Со ова ВМРО ДПМНЕ работи во насока на подобрување на односите помеѓу Македонија и земјите од регионот, како и на зацврстување на меѓусебното пријателство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На балканската турнеја претходеа политички средби на Мицкоски во САД, официјален Брисел и посетата на Будимпешта Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top