| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот директор на Драмски Вељановски до Владо Јовановски: “Брату, овој пат ти ја плаќаш сметката”!

Не престанува поддршката на колегите, блиските и македонската јавност воопшто- на социјалните мрежи, за притворениот актер, обвинет за тероризам – Владо Јовановски. Една од поемотивните, е на поранешниот директор на
Драмскиот театар, Роберт Вељановски:

„Уметникот секогаш бил пред времето во кое што живее. Ликовите, репликите, филмовите, сликите, ариите, скулптурите се неговата чест и неговата прокоба. Вчера, на затворена проекција (прва монтажа), го гледав последниот снимен филм на Владо. Една од круцијалните реплики на ликот кој го игра Владо гласи:
“НЕКОЈ МОРА ДА ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА!!!”

Е па брату, овојпат ТИ ја плаќаш сметката! ВИЕ ја плаќате сметката!!! Ти, Борис, Игор, Богдан, ……..! Ни криви, ни должни, плаќате!“, напиша Вељановски за својот колега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top