| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов: Александар Велики никогаш не бил дел од нашата регуларна историја

Подобро е да ги решаваш проблемите отколку да ги игнорираш, вели скопскиот градоначалник за грчкиот весник „Документо“.

Петре Шилегов, вели дека тој, но и премиерот Зоран Заев сакаат да ги решаваат, а не да создаваат проблеми.

– Кога сакаш да решиш еден проблем, го решаваш. Кога не сакаш, не го решаваш. Она што го гледам во овој момент е дека меѓу двете влади постои едно расположение, намера да се реши проблемот, вели Шилегов.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во интервјуто под наслов „Александар Велики никогаш не бил дел од нашата регуларна историја“, Петре Шилегов говори за проблемот што Грција го има со нашето уставно име, за направените промени во Уставот, за Александар Велики, но и за соработката меѓу двата главни градови.

На прашањето за евентуалните уставни промени што Грција ги бара од нас, скопскиот градоначалник објаснува дека постои член во Уставот според кој Македонија нема територијални претензии од соседните земји.

– За конкретното прашање го променивме нашиот устав во 1992. Во нашиот Устав не постои член што поддржува такво нешто за ниту една земја. Секако, постои член во нашиот устав што вели дека немаме територијални претензии од соседните земји. Затоа ова не треба да биде закана за никој во Грција, вели скопскиот градоначалник.

Шилегов одбива да ги коментира македонските позиции во разговорите за името, бидејќи вели дека било каква политичка изјава може да му наштети на процесот.

– Процесот што е во тек меѓу владите се наоѓа на средина. Така што во овој момент било каква изјава за прашањето, особено од политичари – дури и моето лично мислење бидејќи сум потпретседател на социјалдемократската партија, може да нанесе штета. Подобро е да им помагаш на луѓето што преговараат, што се вклучени во процесот, да ги охрабруваш да го решат, вели тој.

Вели дека АЛександар Велики не бил ден од нашата регуларна историја, туку бил вклучен во последните 10 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top