Иницијативата за граѓанско општество на словенечко-македонскo пријателство денеска одржа масовен мирен протест во поддршка на неправедно притворените лица од настаните од 27-ми април.
Протестот се одржа на плоштадот Плоштадот на Републиката, пред Цанкарјев дом во Љубљана, каде присуствуваа неколку стотици Македонци, пренесуваа словенечките медиуми.
-Нивен единствен криминал е љубовта кон Македонија, „Слобода за Владо и останатите патриоти“, „Слобода за политичките затвореници во Македонија“, пишуваше на дел од транспарентите кои ги носеа учесниците на протестот.
Организаторите на протестот побараа итен прекин на разговорите за промена на името на државата, повлекување на неуставниот закон за двојазичност, како и попис под надзор на меѓународни организации.
Еден од организаторите на иницијативата, Андреј Дочински пред насобраните Македонци рече дека Грција го прекршила договорот со блокирање
– Македонците имаат право да го користат името Република Македонија во меѓународните односи зникој нема право да го попречува тоа, истакна тој.
Тој строго го осуди и го оцени како “неодговорен и нелегален неуставниот закон за двојазичност усвоен од страна на Собранието на Република Македонија“. Иницијативата, исто така, се противи на потпишувањето на договорот за добрососедски односи со Бугарија.
-Сето она што сега се случува е еден вид на геноцид врз македонскиот народ, затоа што сакаат Македонија да го промени своето име. Името на нацијата, јазикот, историјата, да се избрише се што е македонско, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст