Владата вчера одмолчи и не се огради од изјавите на Артан Груби, а неуспехот во остварување на двете стратешки цели од страна на Владата предводена од СДСМ и ДУИ може да има сериозни последици врз Република Македонија, предупреди во неделата на прес-конференција, Игор Јанушев, генерален секретар на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
Јанушев потврди дека Република Македонија треба да стане членка на Европската унија и НАТО, и оти тоа отсекогаш биле заложби на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, предупреди неуспехот во остварување на двете стратешки цели од страна на Владата предводена од СДСМ и ДУИ може да има сериозни последици врз земјата
„Доколку не се обезбеди решение за спорот за името кој го има Република Грција, а кое решение нема да задира во македонскиот национален идентитет и доколку не се обезбеди влез во ЕУ и НАТО, одговорноста целосно е на товар на несериозната, шарлатанска и антидржавна политика што ја водат Зоран Заев и коалициските партнери“, рече Јанушев.
Оцени дека најголемата трагедија е тоа што сметката за ваквиот однос кон националните интереси на крајот ја плаќаат Република Македонија и нејзините граѓани.
„Нема дури ниту информација од страна на Владата до посредникот Метју Нимиц дека предлозите кои ги изнесува Артан Груби не се предлози на македонската страна, туку предлози на грчки авторитети. Министерството за надворешни работи и Премиерот Заев се должни да одговорат кој го прати Артан Груби на средба со посредникот Нимиц?“, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Јанушев запраша во чие име Груби ги изнесува идеите на грчките авторитети, кои се тие идеи, зошто тие се кријат од македонската јавност, како и дали пораките на грчките авторитети премиерот Заев ги пренесува токму преку Артан Груби?
„Пратеникот од владејачката коалиција кој разговараше со Нимиц самиот посочи дека не бил најголем проблем името, туку останатиот дел од договорот кој се однесувал на идентитетот, јазикот, националноста, употребата и преводот“, потсети Јанушев.
Во пресрет на разговорите меѓу Димитров и Коѕијас, оцени натаму Јанушев, се наметнува дилемата за кои одвоени прашања ќе разговараат двајцата министри?
„Дали ќе останат на ставот дека нема да се разговара за идентитетот, за промена на Уставот, јазикот и националноста – како што ветуваше Заев или се е ставено на маса за пазарење како што изјави Груби?“, рече.
Јанушев оцени дека владејачките партии СДСМ и ДУИ како да се натпреваруваат кој ќе направи поголема отстапка, без да се направи процена за штетата што ја предизвикуваат на сметка на македонските национални интереси.
„Сведоци сме на срамно пазарење со највисоките државни интереси. Македонија и македонскиот народ не го заслужиле овој однос и третман од страна на Зоран Заев и владеачката гарнитура. Доколку наводите на Груби не се точни и не се преговара за идентитетот, јазикот и националноста, Владата мора веднаш да се огради и да ги отфрли неговите идеи“, посочи Јанушев.
Повтори дека како ВМРО-ДПМНЕ бараат доколку Груби настапува самостојно и волунтаристички, премиерот Заев веднаш да преземе соодветни мерки и да го санкционира однесувањето кое ги урива македонските национални интереси.
„ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека промена на Уставот во насока на промена на уставното име, промена на идентитетот и јазикот не смеат да бидат предмет на преговори“, заклучи Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст