Околу 800 жени, кои се приклучиле кон џихадистичката група Исламска држава, се задржани против своја волја заедно со нивните деца во курдски реони во северниот дел на Сирија, пишува германскиот весник „Велт“.
Весникот го цитира експертот за тероризам од меѓународната организација „Хјуман рајтс воч“, Надим Хури, според кого, меѓу 800-те жени има 15 германски државјанки. Тој се сретнал и разговарал со нив минатиот месец. Тие и нивните деца се држат во неколку кампови.
– Овие жени се наоѓаат во многу тешка ситуација. Посебно за малите деца условите се многу лоши, истакна Хури.
Експертот тврди дека жените по потекло се од 40 различни земји, меѓу кои Канада, Франција, Велика Британија, Турција и Австралија.
Тие имаат желба да се вратат во својата татковина, дури против нив да биде поднесена и кривична пријава.
Хури ги повика европските влади да им дозволат на децата да се вратат.
– Децата не извршиле никакви злосторства. Тие се жртви на војната и често дури и на своите радикализирани родители, нагласи експертот на „Хјуман рајтс воч
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст