Против Зоран Марјановиќ (39) Вишиот суд во Белград подигна обвинение и го обвини за убиство на неговата сопруга Елена (33) на суров и подмолен начин и во близина каде што пејачката на “Grand” е лишена од живот, стоела нивната мала ќерка.
Наодот на експерти покажа дека пејачката била погубена на местото каде што била пронајдена. Во обвинението се наведува, дека неговата сопруга е убиена од Марјановиќ веројатно со метален објект, штангла, и дека ја убил со осум удари, а недалеку од местото на злосторството стоела малата ќерка.
Зоран ја убил Јелена во каналот на насипот кај Борча. Јелена сакала да трча, а кога почнала да се рекреира, Зоран отишол со својата ќерка по неа. Кога ја стигнал, го оставил детето само да стои, а потоа ја избодел Јелена по рацете и главата. Сознанијата на експертите се дека тој потоа ја удирал по глава додека се обидувала да се спаси. Нејзиното тело било во вода најмалку шест часа, стои во експертскиот извештај, а можеби дури и 10 пред да ја пронајдат полициските кучиња.
Експертски наоди покажаа дека дека на ластичето за коса и батеријата од нејзиниот телефон има ДНК траги на пејачката, но и ДНК кои би можеле да одговараат на машките членови на семејството Марјановиќ – Зоран, Владимир или Милош.
Форензичарите откриле траги од крв од Јелена на задното седиште на мерцедесот на Зоран. Траги од нејзината крв се пронајдени на подот на возилото и багажникот. Освен нејзините, во возилото биле пронајдени траги од крв од Марјановиќи.
Иако во текот на истрагата, Марјановиќ тврдеше дека не пристапил на местото на злосторството, на неговата облека пронајдени се микротраги кои се соодветни на примероци од каналот на насипот на Борча.
– Постои основано сомневање дека обвинетиот со неидентификуван објект ја удрил со неколку удари во главата Јелена Марјановиќ, и нанесол повеќе скршеници на черепот, по што ја потопил во каналот, по што таа починала – се вели во одлуката на Апелациониот суд во декември кога му го продолжија притворот на Зоран за уште три месеци.
За овој вид убиство предвидена е затворска казна до 40 години. Обвинението беше поднесено вчера на крајот од работното време во Високиот суд во Белград, а ќе му биде доставено на Марјановиќ и неговиот бранител за одговор.
Зоран Марјановиќ пријави на 2 април 2016 година исчезнување на Јелена, а нејзиното тело е пронајдено следниот ден. Зоран постојано негираше дека има никаква врска со нејзиното убиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст