| четврток, 6 декември 2018 |

Канадскиот премиер Џастин Трудо доживеа судир

Мотор од колоната возила на канадскиот премиер Џастин Трудо, учествувал во судир на патот во долината Сими, во близина на Лос Анџелес.

Несреќата ја предизвикал џип кој свртел лево пред колоната возила на Трудо, при што канадскиот премиер не е повреден. Како што се наведува, несреќата се случила во петокот вечерта, а во болница се однесени жената која го возела џипот „тојота хајлендер“, нејзиниот син и припадникот на Сообраќајната полиција на Калифорнија кој го возел моторот во придружба на премиерот на Канада.

Сопругот на жената која ја предизвикала несреќата изјавил дека таа видела еден мотор како минува и не била свесна дека позади него одат и други.

Американската телевизија наведува дека колонота ангажирана за Трудо, поотоа продолжила со патуваањето, поради тоа што автомобилот во кој бил тој, не учествувал во судирот.

Несреќата се случила неколку километри од Претседателската библиотека „Роналд Реган“, во која Трудо одржал говор за американско-канадските односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top