| четврток, 6 декември 2018 |

Јагленисан маж пронајден во Горна Бањица

Трагедија ја потресе Македонија кога вчера во 14 часот и 30 минути во селото Горна Бањица, гостиварско, бил пронајден мртов маж во куќа.

Полицијата денеска информира дека во неговата куќа бил пронајден починат 83-годишниот М.Ш. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар.

Од извршениот увид било утврдено дека во собата избувнал пожар при што бил опожарен дел од мебелот, а телото и дневната соба биле покриени со чад-црнило.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top