Веќе неколку дена пиењето кафе е поскапо за битолчани. Членовите на Здружението за угостителство и туризам „Клуб еснаф“ Битола, кои имаат кафулиња, се одлучија на овој потег заради повеќе причини.
–Причините за поскапувањето на кафето во битолските кафулиња се должи на тоа што бизнисите се соочуваат со поскапувања на сите ресурси со коишто се овозможува квалитетна услуга на клиентите. Поскапувањето на самото кафе, зголемување на платите на персоналот, зголемување на трошоците за адекватна и квалитетна услуга, трошоците за греење како и самата комоција и удобност што го нудат угостителските објекти, резултира со поскапување на цената на кафето. Исто така тука е и нелојалната конкуренција, изјави за Шеталиште, Марио Трифуновски, претседател на здружението Еснаф.
На последниот состанок членовите на здружението Еснаф се договориле кафето да не се продава под 50 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст