
Pyeongchang 2018 Winter Olympics – Opening ceremony – Pyeongchang Olympic Stadium – Pyeongchang, South Korea – February 9, 2018 – Samaneh Beyrami Baher of Iran carries the national flag. REUTERS/Carlos Barria
На првиот ден на свеченото отварање на Зимските Олимписки Игри (ЗОИ) во Пјонгџанг се случи и првиот скандал кој дури заврши и со дипломатски ноти.
Имено, организаторите предвидеа сите од вкупноте 4000 спортисти кои ќе учествуваат на ЗОИ, да добијат подарок Самсунг смартфон Галакси Ноте8 во вредност од 1100 долари.
Скапите мобилни телефони веќе завршија во рацете на сите спортисти, со исклучок на оние кои доаѓаат од Иран и Северна Кореја.
В четврток навечер дури бил повикан амбасадорот на Јужна Кореја во Министерствот за надворешни работи на Иран во Техеран кој морал да објаснува зошто не добиле телфони спортитсти од оваа држава.
Медиумите јавуваат дека спортистите од Северна Кореја и Иран не добиле подарок бидејќи овие држави се под санкции од Обединетите нации (ОН).
Иранците потоа се обратија и до јужнокеранскиот произведувач на електронска опрема „Самсунг“ кого го посочија за виновник.
„Самсунг“ веднаш се произнесе и истакна дека тие телефоните ги дистрибирале до Интернационалнио олимписки комитет (ИОК) кој го задржува правото за понатамошна распределба.
На крај ИОК вети дека ќе и подели телфони и на спортистите од овие две држави, со тоа што ги замоли натпреварувачите од Северна Кореја да не ги носат со себе подароците во својата татковина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст