Педесет и шестгодишен прилепчанец, пред неколку дена, се изживувал врз куче, односно како што информираат од МВР, на градскиот плоштад донел куче и почнал да го бојадиса со црвена боја за чевли.
-Имено, по поднесена телефонска пријава од граѓанин во ПС-ОН Прилеп, преземени се мерки за расветлување на настанот при што е констатирано дека на 07-ми овој месец, околу 11,00 часот, на плоштадот “Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, поточно кај тезгите за чистење на чевли, пријавениот дошол со куче непозната раса, кое го имал кај себе повеќе денови. По извесно време а под дејство на алкохол, осомничениот земал црвена боја од боите за чевли и почнал да го бои кучето и да се изживува врз истото, што кај граѓаните предизвикало чувство на револт и вознемиреност.
Од МВР информираат дека против прилепчанецот е поднесено известување до Обвинителството поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело -“мачење животни“ по чл.233 од КЗ на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


