| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте на оваа адреса: Најштетната измама на Фејсбук досега

Последниве неколку дена на Фејсбук се појави вистинска опасност која доаѓа преку мрежата feelnews.info. Иако се работи за очигледна измама, луѓето сфаќаат откако ќе наседнат.


За што се работи: Додека сте на Фејсбук, одеднаш се појавува гиф, кој може и да ве заинтересира. Кога ќе кликнете на него, не се отвора гиф како и што сте очекувале, туку се отвора нов таб со изглед како почетната страница на Фејсбук и бара да се логирате.


Ќе си помислите дека случајно сте се одлогирале или дека поради безбедносни причини треба повторно дас е логирате, па ќе ги внесете податоците. На тој начин лажниот Фејсбук ги добива вашите податоци на тацна.

Лесно можете да се заштитите – погледнете на која адреса се логирате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top