| четврток, 6 декември 2018 |

Првото злато на ЗОИ за Швеѓанката Кала

Шведската натпреварувачка Шарлот Кала го освои првиот златен медал на 23. Зимски Олимписки Игри во Пјонгчанг, откако победи во скијатлон, во трката на 15 километри, поделена во две делници (7,5 километри класичен и 7,5 километри слободен стил). Норвежанката Марит Бјорген го освои сребрениот медал и стана најуспешната натпреварувачка на ЗОИ на сите времиња.

37-годишната скијачка влезе на целта со високо кренати раце, затоа што сребрениот медал е нејзин 11-ти во богатата кариера. Таа сега во својата колекција има шест златни, четири сребрени и еден бронзен медал од петте настапи на Олимписките Игри.

Бронзениот медал и припадна на финската натпреварувачка Криста Пармакоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top