| четврток, 6 декември 2018 |

Во „Винојуг” има 15 мигранти што ќе бидат вратени во Грција

Bо прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија во моментов има 15 мигранти од Пакистан, Шри Ланка и Авганистан. Тие биле фатени од пограничната полиција по нелегалното влегување на македонска територија, во обид да одат кон ЕУ, и чекаат да бидат испратени назад во Грција од каде што дошле.  Пограничната полиција вели дека на котата 59 нема мигранти.  Од страна на подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Гевгелија, по редовниот увид на ПТЦ „Винојуг“ е констатирано дека мигрантите се сместени во контејнерите за престој и ноќевање. Според оценката, хигиената во транзитниот центар е на задоволително ниво и се одржува редовно и континуирано, а во сите објекти кои се празни и исчистени била извршена дезинфекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top