| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Од Црна Гора очекувам амбиција

Да, Црна Гора може да влезе во ЕУ во 2025 година. Но дотогаш треба да покаже вистински резултати во владеењето на правото, порача комесарот Јоханес Хан, кој вчера беше во Подгорица да им ја претстави европската стратегија за Балканот на тамошните политичари и јавноста.

Според Хан, Црна Гора има шанса да ја искористи перспективата што ја ЕУ но додаде дека оваа перспектива е многу амбициозна:

«Дали ќе ја остварите оваа цел ќе зависи во целост од објективните заслуги и остварените резултати. Нашата стратегија му дава на Парламентот и граѓанското општество можност да извршат позитивен притисок врз Владата за да се оствари напредок во повеќе области», рече Хан.

Тоа значи дека мора да има нула толеранција за корупцијата и организираниот криминал, перењето пари, трговијата со луѓе, слободата на изразувањето и медиумите мора да биде почитувана а опозицијата мора да се врати во Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top