Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го покани јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин да го посети Пјонгјанг. А овој вети дека ќе ја посети Северна Кореја по неопходните подготовки.
Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, Ким Џонг-ун бара што е можно побрзо да оствари средба со Мун Џае-ин.
Портпарол на администрацијата на Мун Џае-ин истакна дека поканата била усно соопштена од сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јо-џонг, која се наоѓа во Јужна Кореја на Олимписките игри. Таа потоа му предала и писмо од нејзиниот брат на јужно-корејскиот претседател. Во поканата Ким Џонг-ун изразува подготвеност да се состане колку е можно побрзо со претседателот на Јужна Кореја.
Мун одговорил дека Северна и Јужна Кореја треба да продолжат да работат на создавање услови за остварување на таква средба. Претседателот на Јужна Кореја го повика Пјонгјанг да започне дијалог со САД.
Доколку посетата се реализира, таа ќе биде прва помеѓу лидерите на двете Кореи од 2007 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


