| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал на отворањето на Олимписките игри: Трамп и Ким Џонг исфрлени од стадионот (видео)

Мажи маскирани во американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун направиле вистински „хорор“ на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри, пред да бидат исфрлени од работниците на обезбедувањето.

„Ние двајца одлично се согласуваме“ рекол двојникот на Ким кој одбил да се претстави.

„Сакавме да ги изненадиме присутните и да му го донесеме на светот многу потребниот мир. Зарем не е мирот она што сите го сакаат“ додал додека во придружба на обезбедувањето го напуштал стадионот.

Инаку церемонијата ја обележило единството на Северна и Јужна Кореја чии репрезентации влегле во арената под исто знаме, додека во ВИП ложата седеле потпретседателот на САД, Мајкл Пенс и сестрата на Ким Џонг-ун, Кин Јо-Џонг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top