Балканот мора да биде интегриран во Европската Унија, а тоа го прифати и самата ЕУ во својата Стартегија за Западен Балкан, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– Кога се формираше НАТО се појави израз, кој може да се сретне и во некои дипломатски записи, дека негова цел е „да се држат Американците внатре, Русите надвор, а Германците долу“. Ако го парафразиарам тоа, иднината на ЕУ би изгледала вака: Британците надвор, Балканот внатре, Средна Европа горе, изјави Орбан во обраќањето на почетокот на унгарско-српскиот Бизнис форум во Будимпешта, што се одржа во рамки на денешната заедничка седница на владите на Унгарија и Србија.
Орбан нагласи дека и во ЕУ е прифатен ставот дека Балканот треба да се интегрира во блокот, за што Брисел одреди и термин – 2025 година.
– Не сме среќни со тој датум. Тоа е скромно и премногу далеку. Нам ни е потребен нешто поамбициозен термин, но и тоа што е одредена 2025 годината како термин е повеќе е што било досега, бидејќи до сега немавме слушнато датум, додаде Орбан.
На собирот се обрати и српската премиерка Ана Брнабиќ, која истакна дека Србија не сака да стане членка на ЕУ како земја на која ќе и треба помош и поддршка, туку како држава која директно ќе може да придонесува за економската стабилност на Европа.
– Имаме Стратегија на ЕУ која првпат, не целосно, но на прилично јасен начин, дава перспектива за Западниот Блакан, пред се за Србија и Сврна Гора, за членство до 2025 година, нагласи Брнабиќ.
Инаку, во рамки на заедничката седница на владите на Унгарија и Србија во Будимпешта беа потпишани и неколку договори за билатерална соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст