Потребни се итни реформи на Пензискиот фонд бидејќи системот е неодржлив, а финансиската дупка од година в година се продлабочува. Потребно е да се зголеми старосната граница, но и да се плаќаат повисоки придонеси во Фондот за пензиско. Ова го потенцираа експертите од Институтот за економски истражувања Finance Think кои спроведоа анализа која покажува дека доколку сакаме финансиски консолидиран Фонд со преполовен дефицит треба да се престане со зголемување на пензиите надвор од законското усогласување, но и елиминирање на популистичките мерки кои предизвикаат дополнителни оптоварувања на Фондот.
Од институтот се свесни дека реформата во пензискиот фонд нема да биде лесна и дека ефектите ќе ги видиме за 10-на години. Експертот Павле Гацов предложи трошокот од порастот на придонеси потенцијално да се подели помеѓу работодавачот и работникот, затоа што кога претходно придонесот бил намален разликата не ја добил работникот, туку работодавачот.
Ефектите од овие мерки според Finance Think се дека во следните 20 години фискалните заштеди би се зголемиле за над 400 милиони евра. Дополнителни се предвидува дека предложените реформи може значајно да го намалат дефицитот во Фондот и по пет години би се движел од 1,5 до 3,1 проценти од БДП, и од 0,7 до 3,3 проценти од БДП до 20 години. Во земјава има нешто над 320 илјади пензионери, а за годинава се предвидени во буџетот близу 900 милиони евра токму за исплата на пензии што во однос на лани има зголемување на сумата од речиси 35 милиони евра.
Според пресметките помалку од двајца или поточно 1,7% вработени опслужуваат еден пензионер, што не е во согласност со европските стандарди и се смета за неодржлив тренд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст