Во мај 2014 година Црвена звезда и Партизан одиграа ракометно дерби, на кое резултатот беше во втор план. Во прв план беа поплавените, а Партизан како домаќин одлучи влезницата да се наплаќа со смс на хуманитарен број.
Акцијата успеа, а благодарение на оваа идеја Црвениот крст одвезол во едно прифатилиште камион полн со помош, зашто пораки можело да се праќаат не само за влез, туку и во текот на целиот натпревар.
Промотор на дербито во режија на црно-белите беше црвено-белиот Небојша Глоговац.
-Како дете тренирав ракомет и секогаш сум го сакал тој прав машки спрот. Директорот на Партизан Александар Благоевиќ ми се јави и ме замоли да бидам промотор на натпреварот и со задоволство прифатив. Ова е можеби едиственото деби на кое не е важен резултатот, рекол тогаш Глоговац и додал: „Малку по малку, зрно по зрно – погача. Ако секој даде од себе малку, ќе направиме многу, ќе биде добро“.
Партизан се радели од својот голем пријател, великанот на српското глумиште, големиот звездаш Небојша Глоговац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст