| четврток, 6 декември 2018 |

Му остана неостварена желба – да одигра претстава на Маракана

Доајенот на српското глумиште Небојша Глоговац (49) не ја доби битката со ракот и утрово почина во Белград на 49 години. Актерот кој ја носеше Црвена звезда во срцето не успеа да си ја оствари псоледната желба и на стадионот на својт клуб да организира голема претстава.

За форумот на навивачите на црвено-белите „Ред стар инфо“ Глоговац зборувал за својата љубов кон клубот и тогаш ја открил својата намера.

-Имам идеја една претстава на Југословенскиот драмски театар да се одигра на Маракана Тоа би бил голем проект, освен бината, да има и големи видеобимови. Ете, ќе видиме дали ќе успееме. Да ја раздрмаме Звезда како клуб и да оствариме добар контакт со публиката, ќе привлечеме и некои нови луѓе, и така. Ќе видиме, вели Глоговац за навивачкиот форум.

Глоговац бил еден од кандидатите за Собранието на Фудбалскиот клуб.

Меѓу колегите бил познат по големата љубов кон Црвена звезда, а за навивачкото ривалство меѓу актерите еднаш ќе рече:

– Војин Ќетковиќ, мојот кум, навива за Звезда, исто така и Ѓуричко, Бане Трифуновиќ, а од другата страна Бјела е редовен, често патува со Партизан, за другите не знам. Гробарите нешто се кријат (се смее), не се покажуваат јавно баш… Сергеј е тука, ама тоа е веќе пропагандна машинерија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top