Според пресудата од обвинетите во Пајажина треба да се конфискуваат околу 290 милиони денари, околу 25 запленети возила и ај ти опрема.
Храна, телефони, компјутери и друга стока која била запленета а доколку се чува подолго може да се расипе или значително да и се намали пазарната вредност, ќе може да се конфискува и додека трае постапката, односно пред правосилност.
Ова е клучната измена на законот за управување со конфискуван имот која се најде пред пратениците. Привремено одземените предмети може да се продадат но и да се отстапат на некои од државните органи кои имаат потреба од нив. За ова е неопходно да има согласност на суд или надлежен орган.
-Во моментот кога се дава на Агенцијата се врши проценка на имотот од страна на овластен проценител или Бирото за судски вештачења и таа проценка, доколку со правосилна одлука се реши да се врати на неговиот сопственикот, се враќа соодветниот износ. Доколку е извршена продажба на имотот, средствата од продажбата се чуваат на посебна сметка на Агенцијата и истите средства се враќаат на сопственикот изјави Илија Ристовски, државен секретар во Министерство за правда.
Досега агенцијата конфискуваше имот за кој има правосилна судска пресуда. Последната пресуда на чија конфискација работи агенцијатата е Пајажина.
Новиот директор Башким Амети потврди дека испратиле дописи до банките со кои бараат известувања за сметките на обвинетите. Според пресудата од обвинетите во Пајажина треба да се конфискуваат околу 290 милиони денари, околу 25 запленети возила и ај ти опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



