Кој бара работа еве му шанса. Министерството за образование нуди работно место како државен советник за европски интеграции. Плата 36.000 денари, нема шанси да добиете отказ, осум часовно работно време во канцеларија со клима и патувања низ цела Европа, секоја банка одма ви дава кредит на убави очи. Убавини…
Еве го огласот подолу:
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 78/2013
за вработување на 1 државни службеници во Министерство за образование и наука за следните работни места:
АПЛИЦИРАЈ
1. Државен советник за европски интеграции и меѓународна соработка (1)извршител(и);
– Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – факултет за образование на наставници, правни науки или економски факултет
– најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката, од кои 2 (две) години во државната служба
– одлични организациски вештини
– одлични интерперсонални и насочувачки вештини
– знаење на англиски или друг светски јазик
– ефективна орална и писмена комуникација
– работа со компјутер
– неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (8.30-16.30), а основната плата изнесува 35,443.00 денари
Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Министерство за образование и наука заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.
Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, ќе се спроведе интервју во рок од седум (7) дена од денот на полагањето на испитот, во просториите на институцијата за чии потреби е објавен јавниот оглас.
Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на државен службеник (со назнака за оглас број 78/2013) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.
Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk., Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



