| четврток, 6 декември 2018 |

ERGA OMNES: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! REPUBLIC OF MACEDONIA!

Предавнику Заев и предавнику Димитров, предавничке Шекеринска, престанете да ја злоупотребувате нашата стрпливост?! Веднаш и безусловно прекинете ги сите уценувачки „преговори“, „разговори“ и бедни тргувања со грчките фашистоиди за името на нашата татковина! Таа се вика Република Македонија и тоа е нејзиното автентично и единствено можно име што го гарантира вековниот автохтон национален и културен идентитет на македонскиот народ! Сфатете ги најсериозно овие предупредувања! Во македонскиот народ, во татковината и секаде во светот каде што не’ има, неподносливо горчливо врие, зашто со своето мизерно предавство дивјачки грубо, патолошки самозаљубено и на најпримитивен начин ги згазивте и ги испоганивте сите наши најсвети национални чувства и вредности!

Алдо Климан

Почујте, предавници на својот народ – веднаш запрете со уништувањето на Македонија! Кренете ги рачните кочници! Во политиката е како на автопатот на смртта – ако возите пребргу, пијано и без разум, знаете што ве чека на крајот! А во таа ваша „хистерична дипломатска пијана и неразумна брзинска трка“ на менување на уставното име на Република Македонија на своја рака, без да се праша народот, во своето беспримерно лудило и предавништво се натпреварувате со самите себеси. Сите ви се смеат, будали низаедни! А Грците, ЕУ, НАТО и вашите безобѕирни големоалбански партнери се оние бедни навивачи во крвавите гладијаторски борби што викаат „Убиј! Убиј! Убиј!“ покажувајќи со показалецот надолу! За нив вие сте само дел од грубиот национално смртоносен спектакл за кој платија скапи влезници и сега сакаат да уживаат во злосторот, а вие треба бесчувствително да им ја испорачате на поддавалник таа крваво-црна Смрт на нашето чесно и достоинствено национално име Македонец, Македонка, Република Македонија!

Предавници на својот народ, најниска човечка бедо и срамото, еве на што не’ принудувате: Македонија и македонскиот народ немаат друг избор, освен со своите души и со своите тела на живот и смрт да ја бранат Македонија, и најенергично да му се спротивстават на невиденото ЛУДИЛО што најобични идиоти како вас, кои со насилство, лаги и измамувања се дограбивте до власт, настојуваат да ни го претстават како нешто нормално, големо, светско, космополитско. Но не, Лудилото секогаш е само Лудило и лесно може егзактно да се докаже, а вашиот тим лудаци и психопати, на чело со Заев, и грчките предатори, на чело со постојано цинично, мизантропски насмеаниот Коѕиас, совршено прецизно и егзактно докажа и од минутка во минутка докажува дека сте нешто сосема спротивно од нормалното и нормалните, цивилизираното и цивилизираните, хармоничното и хармоничните, интелигентното и интелигентните и толерантното и толерантните. Вие сте токму спротивното од сето тоа! Сите вие заедно сте најобични насилници и силуватели! Ова што со невидена „дипломатска“ хистеризација го правите вие неколкумина белосветски мангупи и измамници е најобична диктатура на најприземно кримогено лудило со кое брзопотезно успеавте македонскиот народ и обичниот разумен граѓанин на Република Македонија да ги стиснете во своето диктаторско, авторитарно, садистичко, застрашувачко менгеме. Тоа не може да помине само така!

И во чиј интерес го правите сето тоа?!

Само и исклучиво во интерес на Република Грција која подмолно ја започна, цело време подмолно и перфидно ја водеше и така ја води кон најцрн крај оваа ништителска игра, и само според своите валкани правила, барања и уцени на штета на Македонија и на нејзините граѓани!

А еве што имаме во таа „мила, пријателска соседна јужна држава“, како што уживаат на галено да си ја претставуваат нејзините лидери Ципрас и Коѕиас, со оној познат притивнат лисичји глас од басните на Лафонтен.

Во Република Грција, според односот кон Македонија и кон македонскиот народ, препознаваме две силни национално-политички групации: а/ оние што бескрајно не’ мразат и што не можат да не’ смислат и б/ оние што бескрајно не’ мразат и што не можат да не’ смислат. Бидејќи од овие две дефиниции и формулации кои се сосема идентични не можеме воопшто да ги разликуваме едните од другите, те. имаме силен впечаток дека се работи за апсолутно идентично општонационално политичко шовинистичко лудило, мораме тоа малку да го појасниме.

Имено, првите, наведени под (а), својата надреално болна, дивјачка омраза кон Република Македонија и кон македонскиот народ  ја манифестираат сосема разголено, грубо, најсирово и најбедно, токму според општопрепознатливиот нацифашистички урнек. Тие не само што и не помислуваат пред својата домашна и пред меѓународната јавност да се покажат барем малку во некаква поинаква, „поубава“ светлина, туку прават се’ баш да покажат колку се црно, агресивно острвени мрзители на нашиот мирен, мирољубив и пресретлив, пријателски македонски народ и да создадат уверлива и заканувачка слика за својата недвосмислена воена и физичка надмоќ и готовност за најрадикални ништителски сценарија.

Од нив, се разбира, ништо ново – фашизам како фашизам! – тоа е таа позната повеќедеценска грчка политичка реалност! За жал, во изминатите 105 години, од времето кога во Балканските војни ни ја парчосаа и ни ја ограбија татковината, сето тоа безброј пати со свои очи го видоа и на својата сопствена страдалничка кожа го почувствуваа генерации и генерации Македонци во Егејска Македонија, а и денес тоа општопознато грчко фашистичко насилство и таа нивна нехуманост, суровост и примиривизам ги проживуваат и ги чувствуваат претставниците на големата македонска национална заедница што живее во тој дел на Република Грција.

Вторите, пак, наведени под (б), претставници на владејачката политичка елита во Република Грција, премиерот Ципрас, министерот Коѕиас, градоначалникот на Солун Бутарис, и другите од нивната фела, прават се’ својата длабока шовинистичка агресивност и омраза, и своите остри освојувачки нокти постојано насрчени кон Македонија и кон македонскиот народ колку-толку да ги потиснат, да ги завиткаат во свила и кадифе. Но попусто, зашто оние суштетства што лазат подмолно и, како што знаеме, си ги кријат нозете, имаат расцепен јазик според кој ги препознаваме оддалеку, па и на малите деца им се добро познати како студени, опасни и отровни.

Овие „убавци“ и „душички“ на грчката митолошка „космополитска, евроатлантска политика“, која инаку не признава ниту едно од бројните национални малцинства во Република Грција, на своите сирови грчки нацифашисти што во стотици илјади бесно штрајкуваа низ Солун, Атина и Патрас, страшно им се „лутат“ заради тоа што тие едноставно не се во состојба барем уште малку да се воздржат, да се стрпат и да не ја манифестираат така очигледно и толку јавно сета своја омраза кон македонскиот народ и кон Република Македонија, барем додека нивната подмолна дипломатска измама, во комплот со македонскиот предавнички џган не се доведе до крај. А од друга страна, и тие кутрите, и Ципрас, и Коѕиас, и Бутарис, никако не можат да ја додржат својата голема омраза што ја нарекуваат „љубов и пријателство“: од нивните расцепени „дипломатски“ јазици постојано шиштат подмолни спуштања, навреди и негирања на македонскиот народ и на се’ наше, македонско. Фашистоидното и шовинистичкото во нив е многу посилно од тенката и проѕирна европска глазура со која се обидуваат да се премачкаат.

Така, Ципрас само еден ден пред да се најде на „пријателска“ средба со квислингот Заев во Давос истресе куп навреди на сметка на македонскиот народ кој за него е без идентитет, те. не постои, зашто Македонија е, вели, само една и само Грчка. Коѕиас е буквално неподносливо вулгарен во своето понижувачко однесување кон Република Македонија, како некој пијан и преждеран газда во сопствената зачадена грчко-балканска кафеана, и тоа газда кој сега сосема заслужено има и свој аеродром „Скопје“ на кој прв ќе слетал, замислете, наместо да дојде по автопатот „Пријателство“, до кое очигледно држи колку до ланскиот снег. А пак Бутарис, „човек со широко космополитско срце“, смирувајќи ги своите грчки фашисти и фашистоиди во Солун, им вели: „Не е во ред граѓаните на нашиот северен пријателски сосед да ги викате Циганоскопјани, додека тие си го бараат својот идентитет“. А како би било, господине Бутарис, како осведочен „стручњак“ за македонскиот идентитет, вие да си го побарате сопствениот некаде во своето политичко лудило и зашеметеност загубен идентитет на нормален и цивилизиран, и барем малку пристоен човек.

И ете, квислиншка и големоалбанска бандо на Зоран Заев, на тие „мили пријатели“ од нашиот јужен сосед галантно, на своја сопствена предавничка рака растрошно како пијани милионери им го давате нашето свето национално име Македонка, Македонец, и уставното име на нашата татковина Република Македонија! Ете, тоа е вашата „света“ мисија во овој свет и во овој живот!

И уште нешто.

Најпрепознатлива политичка алатка на диктаторите и насилниците е лепењето денунцијантски и дезавуирачки етикети на неподобните и на политичките противници.

Така, од неуморниот АГИТПРОП на Заев се наслушавме и се нагледавме лепење одиозни етикети, со навредлив, ироничен тон, од типот „големи македонски патриоти“, „националисти“, „националистичка влада“ и такви слични глупости, што и’ беше главен идеолошки извозен артикл и на тнр. „шарена револуција“. Индоктринираните глупани и аналфабети од предавничкиот АГИТПРОП на Заев, и него самиот, ќе ги потсетам дека термините „националист“ и „национализам“ се создадени во XIX век, а се однесуваа на оние чесни и храбри поединци и движења, – меѓу кои беше и македонското револуционерно движење на чело со Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев и сите наши други големи македонски синови, – кои со своите смели државотворни програми, по цена на животот или смртта, се креваа против големите ненародни апсолутистички држави и режими, зандани на народите, како што беа Отоманското Царство, Австро-Унгарија и царска Николаевска Русија, со цел да ги ослободат своите народи од тоа национално и социјално ропство и да создадат свои самостојни, суверени, демократски национални држави. И токму така се создадени речиси сите денешни модерни европски држави.

Но зборовите „национализам“ и „националист“ во тоталитарните комунистички држави и режими добија идеолошко-политички крајно погрдно значење, од пуст диктаторски страв, не дај Боже, да не се искажат благородните национални чувства, и сега идеолошки поробените народи да не покажат желба или да имаат примисла за одвојување и самостоен живот. Тие зборови, „национализам“ и „националист“, со таков идеолошко-политички обвинувачки предзнак и товар, претставуваат мизерен реликт токму на тие мрачни времиња и служат само како бауч за застрашување на неуките и на оние кои, за жал, веќе еднаш биле длабоко застрашени или тероризирани во минатиот едноумен режим. Се разбира дека и на суперцентралистичката (божем наднационална) ЕУ тие појмови и’ се исто така мед и млеко за потчинување и задушување на секоја државна и национална посебност и понагласена независност на нејзините членки и на оние што сакаат тоа да станат.

За разлика од „македонските националисти“  и „македонските патриоти“ кои во овие ужасни меѓународни политички невремиња за Македонија прават се’ што знаат и умеат да си ја спасат татковината, постојат „шовинисти“, мрзители на другите народи, како што се осведочените големоалбански ултрашовинисти во владата на Заев и околу неа, и моментално најактуелните грчки ултрашовинисти со кои истиот тој Заев си слави Нови години и од голема среќа и смеа се криви по белосветските хотелски холови каде што ја води својата меѓународна политика на конечно и неповратно растурање и уништување на Република Македонија.

Затоа, предавничишта болни, појмовите „македонски патриот“ и „македонски националист“ денес, во оваа невиделина и мрак што ги навлековте над македонското небо, повторно го добиваат своето изворно, вистинско значење на решителни бранители на дигнитетот и слободите на македонскиот народ, на сите македонски граѓани, и на државниот суверенитет на Република Македонија. „Македонски националист“ и „македонски патриот“, како секогаш во нашата тешка и драматична историја, не значи ниту лево ниту десно, туку само едно – Македонија!

Денес, кога така безобѕирно ни ја растурате татковината, не само што не е срамно, туку напротив, многу е чесно да си македонски патриот и македонски националист.

Срамно е само ова: да си примитивен, циничен шовинист; а пак најсрамно е да си најобично збудалено, беѕобзирно предавничко ѓубре!

Затоа, сите вас што од срце и од душа си ја сакате оваа наша единствена преубава татковина Македонија, ве охрабрувам: бидете смели македонски националисти и македонски патриоти! Фашизмот, шовинизмот и предавништвото не се победуваат со розова, галантна, салонска елоквентност…

МАКЕДОНСКА ПРОЛЕТ стасува!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top