Првата дама на САД, Меланија Трамп, на Твитер следи само пет лица. Иако нејзиниот официјален Твитер профил го следат речиси десет милиони луѓе, по се изгледа Словенката е малку „скржава на кликови“, па следи само петмина корисници. Се разбира, еден од нив е нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, односно неговите два официјални профила на социјалната мрежа.
Покрај тоа, таа го следи и профилот на заменик-претседателот на САД, Макјк Пенс и неговата сопруга Карен Пенс.
Петтиот профил кој Меланија Трамп го следи на Твитер предизвика особен интерес во јавноста. Имено, покрај нејзиниот сопруг и потпретседателот Пенс, таа го следи и Барак Обама. „Индипендент“ претпоставува дека Меланија всушност првично ја заследила Мишел Обама, но овој профил бил преземен од нејзиниот сопруг по истекот на неговиот мандат.
Животот на американската прва дама на Инстаграм е уште поздодевен. За разлика од милиони жени ширум светот кои на Инстаграм следат профили во врска со високата мода, Меланија следи само два профила – оној на нејзиниот сопруг и официјалниот профил на Белата куќа.
Инаку, Меланија на Твитер има и друг профил, но и таму не е премногу активна во однос на следење на други корисници, односно следи вкупно 55.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст