Во понеделник, 12 февруари во 18.30 часот во хотел „Арка“ во Скопје, ќе гостува најдобриот мотивациски говорник на Балканот, Дарко Мирковиќ. Настанот е во организација на Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ).
– Мојата животна цел е да допрам до што поголем број на луѓе за да ги постават и остварат своите цели, и при тоа да го зголемат својот личен потенцијал – изјави Дарко Мирковиќ во едно неодамнешно интервју.
Еден од најдобрите светски мотивациски говорници, Брајан Трејси, за Мирковиќ вели дека е голем експерт кој може да му помогне на секого.
Мотото на Дарко Мирковиќ е: „Верувај и направи!“ и одлично се поклопува со методот на работа на Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ).
Резултатите од неговите тренинзи се видливи: зголемена продажба, поголема продуктивност во работата, поголем профит на компанијата, поголеми лични резултати и резултати на вработените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст