| четврток, 6 декември 2018 |

Твитер конечно оствари профит

Компанијата Твитер во последниот квартл од минатата година првпат досега оствари тримесечен профит, при што забележа и раст на приходите.
Но, и покрај тоа Твитер се соочува со проблеми како што е злоупотреба, лажни профили и обидите на руските служби да шират дезинформации, како и стагнирањето на растот на бројот на корисници.
Социјалната мрежа не крие дека има проблеми и воведе нови мерки за елиминирање на профилите кои се користат за злоупотреба. Но, критичарите посочуваат дека Твитер не реагира адекватно на проблемите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top