| четврток, 6 декември 2018 |

Грците во Патрас на протест под мотото „Македонија е грчка“ на 25-ти февруари

На социјалните мрежи кружи покана за настан за протест во грчкиот град Патрас на 25 февруари под мотото „Македонија е грчка“ на кој како и на последните два протести во Солун и во Атина, Грците ќе протестираат против примената на терминот Македонија во нашето име.

Протестот во Патрас е трет собир од ваков вид во Грција. Претходните два собира го мобилизираа грчкото општество, против нашата држава. Војници, црковниот клер, државни службеници беа во првите редови на протестите од што јасно се гледа дека настанот е во координација со официјалните грчки власти.

Иконографијата на протестите беше видно иредентистичка, голем беше број на присутни кои во униформи на андарти вооружени до заби протестираа против името Македонија. Симболиката со андартските униформи е јасна против македонците.

Имено андартите се паравоена формација која беше формирана од Каравангелис во почетокот на минатиот век, а ги колеше и убиваше македонците во Егејска Македонија, палејќи десетици села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top