Во најскоро време ќе бидат примени 20 медицински сестри за Хематолошкото одделение и за Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека разговарале со директорката на Детската клиника, дале барање до Фондот за здравствено осигурување за вработување на медицински сестри.
– Веќе се обезбедени дел од средствата и од Детската клиника, но и екстра средства од ФЗОМ. Направивме анализа заедно со Министерството за труд и социјална политика и идентификувавме огромен број невработени сестри. Верувам дека ќе можеме да најдеме кадар кој ќе работи во овие одделенија. Хематолошкото одделение се затвори за да не дозволиме никаква импровизација додека нема доволен број луѓе, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање пред работниот состанок во Лекарската комора на Македонија.
Тие 20 медицински сестри, потенцира, се екстра од она барање за медицински сестри кое редовно го даде директорката на Детската клиника за вработување.
Појасни дека очекуваат резултатите да им покажат каде и за која струка во рамките на целата држава треба да се концентрираат и не само за сестрите, туку и за докторите по одделни специјалности.
Претседателката на Лекарската комора на Македонија, Калина Гривчева Старделова одговарајќи на новинарско прашање истакна дека минатата година старосната граница на матичните доктори и на матичните гинеколози била 58 години. Според неа, тоа подразбира дека оваа година таа старосна граница ќе биде 59 години.
– Ако земеме предвид дека со 62 години луѓето одат во пензија, ние за три години ќе имаме проблем ако нешто не се направи во смисла тие луѓе да се стимулираат да бидат матични доктори, а не да бидат доктори во странство. Заради тоа се овие работни средби, да се најде обид луѓето да бидат мотивирани и да останат во државата. Секоја година само на Медицинскиот факултет во Скопје дипломираат 220 доктори, рече Гривчева Старделова.
Додаде дека годишно на 173 доктори на медицина им издале потврди за работа во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст