Јужнокорејскиот град Пјонгјанг од утре до 25 февруари ќе биде домаќин на 23. Зимски олимписки игри. Церемонијата на Свеченото отворање е закажана за утре со почеток во 12 часот по македонско време (20 часот локално). Дел од учесниците уште денес ќе ги започнат своите настапи со учество во квалифакциските натпревари во карлинг и ски скокови.
На Олимпијадата пријавени за настап се 2.925 спортисти и повеќе од 3.500 официјални лица од 93 земји. Шест од нив се дебитанти. Од Африка се пријавени осум држави, од
Американскиот континент 12, од Азија 20, од Европа 50 вклучувајќи ги и руските спортисти под бидат доделени шест комплети повеќе во однос на претходните во Сочи 2014 година. Нови дисциплини се воведени во алпското скијање, карлинг, брзо лизгање, и бордање. Во однос на последната Олимпијада исфрлен е паралелниот слалом.
На официјалните делегации и службените лица на Игрите ќе им помагаат околу 17 илјади
волонтери. Досега се продадени околу 80 проценти од билетите, а преку 70 отсто од Корејците веруваат дека игрите ќе бидат успешни.
Во досегашната историја на ЗОИ најуспешна е Норвешка со вкупно освоени 332 медала (118 златни 113 сребрени и 101 бронзен).
Првата зимска Олимпијада се одржа 1924 година во Шамони, Франција. Меѓународниот олимписки комитет веќе одлучи домаќин на следните ЗОИ во 2022 година да биде кинеската престолнина Пекинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст