Шекеринска ја ангажираше поранешната уредничка на „Утрински весник“ Соња Крамарска во МО
Поранешната уредничка на „Утрински весник“, Соња Крамарска, е хонорарно ангажирана во Министерството за одбрана, пишува „Фокус“. Како што изјавиле од Министерството, Крамарска е ангажирана со Договор на дело, а со цел зголемување на капацитетите на Министерството во делот на односите со јавноста.
Од „Фокус“ се обиделе да добијат изјава од Крамарска, но таа ги упатила да се обратат во Министерството.
-Не сум портпарол, а што работам официјално обратете се во Министерството за одбрана – изјавила таа за “Фокус”.
Од Министерството на Радмила Шекеринска додаваат дека нејзиното ангажирање е согласно заложбата на Министерството за зголемена транспарентност и отчетност пред граѓаните на Република Македонија.
„Имајќи предвид дека Крамарска има долгогодишно искуство во некои од најреномираните медиуми, сигурни сме дека нејзиниот ангажман ќе придонесе во отворањето на Министерството кон јавноста, што е и наш приоритет“, соопштиле од министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст