Гледајќи ја сегашната ситуација навистина е неверојатно како одбиле ваква можност.
Како што пренесува „Мудно Депортиво“ Реал Мадрид оваа зима имал можност да доведе големо засилување.
Имено, тие имале можност во своите редови да го доведат Алексис Санчез од Арсенал, но Чилеанецот на крајот заврши во Манчестер Јунајтед.
„Ѓаволите“ во Арсенал го испратија Хенрик Михтаријан, а за возврат го добија Санчез, целата зделка беше договорена во последните денови од преодниот рок.
Според изворите на споменатиот шпански медиуми, Реал исто така имал можност да го доведе Санчез и се верува дека Флорентино Перез. Сепак, последниот збор го имал Зинедин Зидал кој ја одбил можноста да го доведе Чилеанецот и поранешениот фудбалер на Барселона. Французинот не се откажува од своите идеи и покрај фактот што Реал заостанува дури 19 зад Барселона во Примера, додека во Лигата на шампионите во 1/8 финалето ги чека двомеч со Пари Сен Жермен.
Мадриѓаните на крајот не доведоа ниту еден фудбалер во овој преоден рок. На почетокот на февруари доживеаа нов кикс, кога ремизираа со Леванте, а како ќе се снајдат со лидерот на француската Лига 1 останува да видиме во среда во 20:45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст