Министерствот за образование и наука ги повика учениците, студентите, наставниците и професорите да се придружат на иницијативата на неформалното здружение „На Точак“ во рамки на глобалната акција „Во зима со велосипед на училиште и работа“.
„Уживајте во возењето, почитувајте ги правилата во сообраќајот, внимавајте на сопствената безбедност и безбедноста на останатите граѓани и учесници во сообраќајот. Грижата за животната средина, вашата среќа и благосостојба, заштедата на време и пари, се најголемата мотивација за возењето велосипед“, пишува во повикот од МОН.
Целта на оваа иницијатива е подигање на свеста за важноста и придобивките од користењето на велосипедот како превозно средство.
„Во зима со велосипед на училиште и работа“ (Winter Bike to Work Day) e интернационален ден на кој што луѓето го одбележуваат движењето со велосипед на работа и училиште во зима, притоа кревајќи ја свеста за ова превозно средство во ладните месеци, водејќи се од наративот: Не постои лошо време, постои само лоша опрема.
Од МОН испратија и упатство како може да се пристапи во иницијатива. Упатството го објавуваме интегрално:
1. Пратете електронска адреса и повикајте ги вашите вработени на 09.02.2018 година, да дојдат со велосипед на работа.
2. Впишете се Вие, Вашата институција/училиште и вашите вработени/ученици на мапата на светскиот настан https://winterbiketoworkday.org/
3. Додадете ваш локален настан доколку сакате и ставете се на светската мапа на Winter Bike to Work настани https://winterbiketoworkday.org/addevent/
4. Смислете (по можност) креативни начини за поттикнување на вашите вработени/ученици да се појават на велосипед на 9.02.2018 во што поголем број.
5. Стиснете Вие и вашите вработени “ќе присуствувам” на фејсбук настанот, и доколку вашето училиште има веб страница или фејсбук профил, споделете го настанот со останатите https://www.facebook.com/events/411957482572496/
6. Објавете дека се приклучувате на настанот на традиционални и дигитални медиуми
7. Дојдете на работа/училиште на 09.02.2018та на работа со велосипед
8. Постирајте содржини и слики на хаштагот #WinterBikeToWorkDay или #WinterBikeToSchoolDay и/или локалниот:#WBTWDSkopje (за работа) или #WBTSDSkopje (за образование) и пофалете се за Вашиот транспортен избор тој ден. Бидете кул компанија/училиште чии вработени/ученици возат точак и на ладно време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст