Околу 36 отсто од луѓето кои биле злоставувани на интернет изјавиле дека лично ги познавале сторителите како членови на семејството, пријатели или познаници, покажа истражувањето направено од Мајкрософт за онлајн ризиците и безбедноста на интернет, објави денеска компанијата по повод обележување на Денот на безбеден интернет.
Истражувањето, кое опфатило испитаници на возраст од 13 до 74 години, покажа дека 17 отсто од злоставуваните на интернет ги идентификувале сторителите како членови на семејството или пријатели, а секој петти рекол дека сторителот му бил познаник.
Корисниците на интернетот во второто годишно истражување „Индекс на култура на однесување на интернет“ биле испитувани за своите искуства во врска со 20 различни примери на онлајн ризикот кој се однесува на онлајн однесување, репутација и вознемирување, сексуална и лична слобода.
Една четвртина од анкетираните изјавила дека престапникот бил некој кого го познавале само онлајн, а 37 проценти дека нивната изложеност на ризик на мрежата дошла од сосема непознат човек.
Меѓу најистакнатите онлајн ризици се наоѓаат несакани контакти и различни врсти на измами, се наведува во соопштението.
Како позитивно придвижување, во споредба со истражувањето од минатата година, е наведено дека е намелен бројот на испитаници кои не знаеле каде да побараат помош доколку дојде до онлајн ризик.
Во новото истражување 45 проценти од испитаниците рекле дека знаат каде да побараат помош за решавање на ризикот на интернет, што е осум отсто подобро од претходната година, додека 46 проценти изјавиле дека се многу сигурни во својата способност да ги решат онлајн заканите.
Мајкрософт истражувањето го спроведе во 23 држави, девет повеќе од претходната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст