Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, на 25 февруари ќе ја посети Република Македонија како прва земја од неговата турнеја низ државите од Западен Балкан во насока на презентација на Стратегијата на ЕУ за регионот.
Ова денеска на прес-конференција го најави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на која беше презентирана и длабинска анализа на пораките и содржините во Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан објавена завчера во Стразбур.
– Ова е важен момент за презентација на Стратегијата, но и за охрабрување на владите да ги удвојат напорите за постигнување на новите скратени таргети, рече Османи.
Според него, Стратегијата ги исполнува сите очекувања на Македонија, бидејќи се валоризираат успесите на земјата во однос на реформите, најавува подготвеност да се даде чиста препорака од страна на ЕК за отворање на преговорите и овозможува да нема диференцирање на земјите по однос на можноста за членство, туку нивно оценување поединечно според постигнатите резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.