| четврток, 6 декември 2018 |

Села бара половина милион евра оштета од обвинетите за негов обид за убиство на крвавиот четврток

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села бара речиси половина милион евра за материјална и нематеријална оштета од обвинетите, кои на крвавиот четврток во Собранието, на 27 април се обидоа да го убијат. Ова на денешното судско рочиште го изјави правниот застапник на Села.

Тој бара материјална оштета за лекувањето, додека нематријалната е за претрпената лична болка и претрпен страв.

Се очекува лидерот на Алијансата за Албанците подоцна да стигне на судското рочиште.

Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top