Најдобриот тенисер на сите времиња и осовјувач на 20. грен слем титули, Швајцарецот Роже Федерер, има голема и реална шанса да се врати на лидерското место на АТП листата, односно од тронт да го симне Шпанецот Рафаел Надал.
Швајцарецот неочекувано донесе одлука со која ги шокираше своите фанови. Федерер на социјалните мрежи напиша дека ја прифатил поканата за вајлд карта за настап на АТП турнирот во Ротерда, бидејќи ова натпреварување за него е многу важно, но вистината е дека ќе настапи на него со цел да стигне до првото место на АТП листата.
Федекс заостанува 155 поени зад Рафаел Надал. Но, ако Федерер стигне до полуфиналето по 10 дена, тоа ќе му донесе 180 поени и тој ќе го надмине Шпанецот. Надал се очекува да игра една недела подоцна на турнирот во Акапулко.
Федерер не бил на првата позиција на АТП уште од од 2012 година. Тој ќе има 36 години и 6 месеци ако ја постигне својата цел во Холандија. Тоа ќе го подобри остварувањето на Андре Агаси, кој ја држеше оваа позиција со 31 година и 131 ден.
Турнирот стартува на 12 февруари, а покарај Федерер за пехарот ќе се борат и Бугаринот Григор Димитров, Германецот Александар Зверев, Австралиецот Ник Кирјос, Белгиецот Давид Гофан, Швајцарецот Стен Вавринка и Чехот Томаш Бердих.
Оваа одлука на Швајцарецот е чудна, бидејќи претходно изјави дека ќе се повлече од тенисот кога ќе ја осови 20. грен слем титула. Но, по се изгледа дека се премисли и се уште не е подготвен за пензија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст