Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
Судијката Славица Андреевска, која го води процесот, на минатото рочиште рече дека главната расправа ќе продолжи на 8 февруари со доказна постапка и изјави на сведоци и вешти лица.
Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.
На претходното рочиште што се одржа на 26 јануари сите десетмина обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села се изјаснија за невини.
Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат во натамошната постапка.
Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села не дојде на судењето, а неговиот адвокат најави дека ќе бара отштета за материјална и нематеријална штета.
Претставникот на Јавното обвинителство во воведното обраќање рече дека во овој предмет се суди само за еден аспект од настаните во Собранието на 27 април што можел да резултира со убиство на пратеникот Зијадин Села. Целокупната криминална содржина на настаните во Собранието, според обвинтелството, не се исцрпува со дејството што е предмет на ова обвинение. Според обвинителството, единствена околност што го спасила Села не било колебањето на обвинетите, туку тоа што тој веќе не давал знаци на живот.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, беше тешко повреден при упадот и насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст