| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски на средба со претседателот на Меѓународниот републикански институт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на Вашингтон се сретна со претседателот на Меѓународниот репубилкански институт, Даниел Твининг, кој на средбата беше придружуван од Регионалниот Директор за Европа, Јан Ерик Суротчак.

На средбата соговорниците се осврнале на билатералните односи помеѓу Република Македонија и САД и взаемно се согласија дека е потребно понатамошно развивање на истите.

Мицкоски и Твининг разговараа за загрижувачките трендови во Република Македонија поврзани со владеењето на правото и правната држава. Мицкоски го информираше Твининг за злоупотребите на институциите од страна на владејачката структура.

Во рамките на разговорите посебен фокус се стави на соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Меѓународниот Републикански Институт во процесот на програмска соработка со цел зацврстување на капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ и развојот на демократските процеси во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top