Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На патниот правец Тетово – Попова Шапка, од село Лисец до Попова Шапка, поради остатоци на снег на коловозот задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила, информира АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Прилеп – Битола и Делчево – М. Каменица, од 70 – 100 метри на патните правци Штип – Радовиш и Штип – Неготино и од 80 -90 метри на патните правци Удово – Гевгелија и Удово – Д.Капија.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


