Предавање и дебата на тема „Младите и иновации“ ќе се одржат денеска на Машинскиот факултет во Скопје, како дел од третото издание на манифестацијата „Ноќ на идеите“, што ја организира Францускиот институт во Скопје.
На средбата, која годинава е посветена на „Моќта на креативноста“ ќе биде претставена високообразовната установа Школа 42, чиј педагошки директор Оливје Крузе, ќе зборува за дигиталната трансформација во образованието и ќе го претстави најголемиот европски стартап инкубатор Станица Ф.
Презентација ќе има и единствениот студент од Македонија на Школата 42 Волхан Салаи, профосорот од Машински факултет Радмил Поленаковиќ ќе зборува за состојбата со иновациите на домашен план, а најавено е учество и на Кристијан Данаиловски, ко-основач на најголемата македонска компанија за анимации – FX3X
Настанот ќе го отвори амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние.
„Ноќта на идеите“ се организира во соработка со Машински факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и Фондација „Проф. д-р Димитар Стамболиев“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст