Лидерите на републиканците и демократите во Сенатот на САД денеска соопштија дека е постигнат двогодишен буџетски договор во вредност од околу 400 милијарди долари, што ќе ги зголеми државните расходи за одбранбени и внатрешни програми.
Лидерот на републиканското мнозинство Мич Мекконел и на демократското малцинство Чарлс Шумер заеднички го објавија договорот, само еден ден пред да истече временото финансирање на владините агенции.
Договорот предвидува зголемување на расходите за одбрана и неодбранбени внатрешни програми во рок од две години и го продoлжува дејствувањето на популарната шема за здравствено осигурување на децата.
Со зделката средствата за неодбранбени програми се зголемуваат за 131 милијардни долари и ќе вклучува 20 милијарди долари за инфраструктура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст