Американскиот потпретседател Мајк Пенс најави дека САД следните денови ќе воведат „најостри и најагресивни“ економски санкции кон Северна Кореја.
– САД наскоро ќе објави најостар и најагресивен круг економски санкции досега кон Северна Кореја и ќе продолжиме да ја изолираме Северна Кореја се додека не се откаже од својата нуклеарна програма и програма за развој на балистички ракети еднаш за секогаш, посочи Пенс по состанокот со јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
Тој ја нарече Северна Кореја „најтирански и најрепресивен режим“ и го повтори ставот на Вашингтон дека „сите опции се на маса“.
Претходно, Пенс заедно со јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодере и јапонскиот адмирал Кацутоши Кавана го посетија системот на антиракетни батерии Патриот ПАЦ-3 во Токио, последната линија на одбрана на Јапонија од евентуален ракетен напад од Северна Кореја.
Пенс пред посетата на Јапонија изјави дека неговата порака до Северна Кореја е јасна: Вашингтон и неговите сојузници ќе продолжат да вршат притисок врз Пјонгјанг да се откаже од ракетната и нуклеарната програма.
Американскиот потпретседател в петок ќе ја предводи американската делагација на отворањето на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст