| четврток, 6 декември 2018 |

Снег во Македонија: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичево преку Стража

Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во 19:50 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила, информираа вечерва од Диспечерскиот-информативен центар на ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на ЈП Македонија пат. Во Маврово врнежите се од дожд и снег.

Намалена видливост поради појава на магла од 10 – 15 метри има на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Посочуваат дека нивни дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top